„На човештвото му е потребно да стане мулти-планетарна раса со цел да се зачува значењето на свеста“, изјави Елон Маск на Твитер.
Основачот на SpaceX развива ракета која ќе патува до Марс и ќе се надополнува со гориво на посебно изградени станици. Иако неговиот проект претставува значаен подвиг во науката, Маск има подлабока цел за нашата вселенска експанзија.
Статијата за Ферми парадокс, објавена од Институтот за иднина на човештвото при Оксфорд Универзитетот го натера Маск да ја сподели својата мотивација за основање на SpaceX. Ферми парадоксот пресметува колкави се шансите да постои интелигентен живот во универзумот покрај нас, иако нема видни докази за неговото постоење.
Институтот, исто така, ја користи и Дрејк равенката која го претпоставува бројот на вонземски цивилизации со кои теоретски би можеле да воспоставиме комуникација.
Тимот ги во равенката ги заменува непознатите со вредности за кои имаме статистички информации додека за оние што немаме користи екстреми за најмногу шанси и најмалку, при тоа доаѓаат до заклучок дека можноста човештвото да е само во универзумот изнесува 30 проценти.
„Не знаеме дали ние сме единствената цивилизација во моментот во видливиот универзум, но секоја шанса да сме е поттик за ширење на човештвото надвор од Земјата’’, изјави Маск, додавајќи дека би било прекрасно да сретнеме друга цивилизација, под услов тоа да не е нивната инвазиска флота!’’
Целта на SpaceX е да инспирира втора вселенска раса на Марс и почеток на нова генерација од научно значение. Првите ракети на SpaceX се предвидени да однесат залихи на Марс во 2022 година, додека четири други вселенски бродови, од кои два би носеле патници, би стигнале на Марс во 2024 година.
Целта на овој план е да му овозможи на човештвото да го пренесе факелот на свеста подлабоко во ѕвездите.