Во време кога сите производители научија што треба да направат за да успеат на пазарот, навистина е тешко еден смартфон да се издвои од другите. Затоа, LG реши да го направи V40 првиот смартфон со пет камери.
Според информациите кои стигнуваат од Android Police, LG V40 ќе има вкупно пет камери, од кои три на задниот и две на предниот дел од телефонот.
На некој начин овој смартфон ќе биде сличен на Huawei P20 Pro, кој беше првиот смартфон од голем производител кој имаше систем од три камери на задниот дел. LG V40 ќе има и две камери на предниот дел (слично на HTC U12 Plus) кој ќе му помогне на смартфонот со 3D мапирање и скенирање на лицето за отклучување на телефонот.
Додека системот од три задни камери или пак оној од две предни камери не се новост на пазарот на смартфони, целосниот систем од пет камери ќе биде нешто што првпат го гледаме на еден смартфон. Ако гласините кои ги сподели Android Police се точни, тогаш LG V40 ќе биде телефонот со најмногу камери досега.
Како и V30 пред него – кој личеше на поголем G6 – LG V40 ќе биде многу сличен на G7 ThinQ. Одејќи според трендовите, овој смартфон ќе има екран со „notch“ и Qualcomm Snapdragon 845 процесор. На задниот дел од телефонот ќе има скенер за отпечатоци а на едната страна ќе има посебно копче за Google Assistant.
Ако можеме да ги очекуваме истите работи од LG како во претходните години, тогаш дополнителни информации за LG V40 би требало да се појават во текот на ова лето, пред тој да биде пуштен во продажба кон крајот на есента.
Извор: Klix.ba