Европската вселенска агенција (ЕСА) ги објави последните слики на вселенската сонда „Розета“, која намерно се урна на површината на кометата 67P во септември 2016 година.

Вселенската сонда беше лансирана во 2004 година, стигна на кометата 67P во 2014 година и помина две години на орбита околу неа. „Розета“ испрати бројни важни импресивни слики и податоци за кометата. Сега ЕСА ги објави последните слики со висока резолуција од камерата OSIRIS (Optical, Spectroscopic and Infrared Remote Imaging System) која е лоцирана на сондата. Тие опфаќаат период од крајот на јули 2016 година до крајот на мисијата на 30 септември 2016 година, вклучувајќи ги и драматичните моменти кога вселенскиот апарат падна на површината на кометата.