На корисниците им е олесен пристапот до релевантни податоци поврзани со личните податоци, уредите кои што ги користат, методите на плаќање, претплатите, резервациите и контактите.
Големите технолошки компании често се на удар на корисниците и на невладините организации кои што се грижат за приватноста на граѓаните. Иако компаниите тврдат дека се грижат приватните податоци на корисниците да не завршат во погрешни раце, на корисниците често им е тешко да ги пронајдат тие опции кои што треба да ги заштитат.
Откако беше откриено колку се всушност ранливи податоците на корисниците на Фејсбук, сега и другите компании одлучија да ја променат својата пракса, со цел да избегнат слични скандали во иднина.
Така од Google објавија дека се воведени промени во изгледот на корисничкиот профил, благодарение на кој на корисниците ќе им биде поедноставно да ги пронајдат и да ги користат опциите за заштита на приватноста.
На корисниците им е олеснет пристапот до релевантни податоци поврзани со личните податоци, уредите кои што ги користат, методите на плаќање, претплатите, резервациите и контактите.
Тие кои што не се сигурни како да променат некоја од опциите или каде да ја најдат, сега одговорот можат да го побараат кај експертите кои што на најчестите прашања ќе одговараат на посебно креиран форум.
Засега овие опции им се достапни само на корисниците на уредите кои што работат на оперативниот систем Андроид, но од Google откриваат дека за неколку месеци истите опции ќе им бидат достапни и на корисниците на iOS оперативниот систем, како и на интернет страницата преку компјутерите.
Извор: Zimo.hr
Поврзани артикли