За време на посетата во музејот и вилата во Грејсленд, поранешниот дом на Елвис Присли, претворен во главна туристичка атракција на Мемфис, сите љубители на кралот можат да ги погледнат и неговите два авиони.
Станува збор за Convair 880 и Lockheed Jetstar или Лиса Мари именуван по неговата ќерка. И покрај тоа што овој имот му е продаден на купувач во 2015 година, двете странки се сложиле дека овие авиони можат да останат таму со цел посетителите да можат да ги посетуваат и да бидат сочувани на местото каде Елвис ги користел.
Не треба ниту да се спомене дека децениите не биле многу нежни кон овој модел, чиј црвено/сребрен ентериер стана бледа сенка на неговата слава и подлегна на притисокот на сите временски услови.Овој авион моментално не е во оперативна состојба, а според наводите му недостигаат одредени компоненти како кокпит, мотори.
Иако надворешноста на овој авион не делува како нешто доследно на кралот, изгледот на специјалниот ентериер не остава никаков сомнеж дека му припаѓал на Присли. Овој авион поседувал и видео монитор, што е вистински луксуз во тоа време.
Ова не е прв пат познатиот Jetsar модел да биде на аукција, бидејќи, всушност неговиот моментален сопственик го купи авионот минатата година за 430.000 долари, што е многу малку од неговата мултимилионска цена која ја поседувал кога бил нов.