Chrome за Android воведе функција која корисниците најмногу ја бараа

Google објави нова верзија на Chrome за Android уредите, која пристигнува со една битна нова функција, како и со некои ситни подобрувања. Најбитната новина е опцијата на чување на офлајн содржините додека сте поврзани на WiFi мрежа.

Според наводите на компанијата, Chrome за Android им овозможува на корисниците во преку 100 земји да го пребаруваат интернет дури ако не постои постојана интернет конекција.

Android прегледникот автоматски ги презема релевантните текстови, кога корисникот е поврзан на бесплатен WiFi, а базирано на содржината која е најпопуларна на локација на корисникот.

Покрај ова, корисниците логирани во Chrome ќе примаат и текстови кои се релевантни за нив, а се базирани на историјата на пребарување. Откако Chrome ќе ја преземе содржината, корисникот може да и пристапи дури и кога не е конектиран на интернет.

Новата функција пристигнува со најновото Chrome ажурирање за Android, а достапно е преку Google Play Store.