Sony планира да го прошири своето портфолио на смартфони со Аndroid и најверојатно ќе го претстави својот следен модел со брендот Xperia на IFA 2018. Потсетуваме дека технолошкиот настан ќе се одржи во Берлин помеѓу 31 август и 5 септември. Според непотврдени информации, компанијата има намера да го покаже наследникот на Xperia XZ2 Premium, кој дебитираше официјално во април. Новиот паметен телефон ќе биде претставен како Xperia XZ3 и има број на модел H8416, објави SumaHoInfo.
На Интернет сега се појавија информации кои откриваат нови детали за претстојниот уред. Излегува дека Xperia XZ3 ќе има екран кој поддржува 4K резолуција од 4320х2160 пиксели при сооднос на екранот од 18:9. Моделот ќе ги предложи и сите нови функционалности кои не чекаат во Android P. Сигурно дизајнот на Xperia XZ3 ќе биде сличен со оној на неговиот претходник. Ние веќе знаеме некои од другите технички спецификации кои ќе го разликуваат новиот модел.
Sony Xperia XZ3 ќе има процесор Snapdragon 845 кој е дополнет со 6GB RAM меморија. Ова ќе го направи соодветен избор за гледање филмови, мултимедија и игри. Во задниот дел ќе има двојна задна камера со резолуција од 19MP и 12M, како и 13MP мегапикселен сензор за предниот дел. Вградената меморија се очекува да биде 128GB и може да се прошири со слот за microSD. Времето ќе покаже кои други подобрувања ќе ги видиме во Xperia XZ3.