Научниците трагаа по докази за постоењето на вакви црни дупки во вселената и изгледа дека конечно дојдоа до големо откритие.
Науката досега признаваше два вида на црни дупки: огромни во големина кои „голтаат“ цели ѕвезди и ги распрснуваат на парчиња и мали, скоро незначајни црни дупки кои се удираат една во друга и предизвикуваат осцилации во вселената. Сега, научниците веруваат дека ја најдоа алката која недостасува: средни по големина црни дупки.
Научниците трагаа по докази за постоењето на вакви црни дупки во вселената и изгледа дека конечно дојдоа до големо откритие.
Тие забележаа огромна експлозија која згаснувала во последните 10 години во далечните краишта од нашата галаксија. Нејзината маса се проценува на 10.000 пати поголема од онаа на Сонцето.
„Би рекол дека сме многу среќни што го пронајдовме овој извор“, вели Даченг Лин, асистент на универзитетот во Њу Хемпшир.
Истиот извор бил забележан во 2014 и 2016 година, но поради оддалеченоста било тешко да се забележи дека станува збор за црна дупка. Таа е оддалечена 800 милиони светлосни години од планетата Земја.
Овие црни дупки со средна големина се многу тешки за забележување бидејќи најчесто се формираат во предели каде што има поголема густина на ѕвезди, кон подалечните краишта на нашата галаксија.
Допрва ќе се докажува дали оваа новопронајдена црна дупка може да се класифицира како црна дупка со средна големина, но научниците се уверени дека се на пат на големо откритие.