Користењето на електронски здравствени податоци може значително да ја подобри прецизноста за предвидување на исходот, се наведува во нова студија објавена во списанието „Nature“.
Врз основа на експеримент во кој биле искористени податоци од две болници во САД, истражувачите успеале да покажат како со помош на алгоритми може да се предвиди времето на престој на пациентот во болница, времето кога истиот би бил пуштен од лекување, но, во одредени ситуации и времето кога би починал.
Невронската мрежа, опишана во студијата, за своите медицински предвидувања користи огромен број податоци кои потекнуваат од медицинската историја на пациентот, како и клучните параметри поврзани со неговотата здравствена состојба.
Притоа, системот може да се справи дури и со ракописните дијагнози, коментари и лекарски белешки.
Алгоритмот поврзува значајни претходни настани од медицинската историја, по хронолошки редослед, што овозможува да се предвидат идните исходи, вклучувајќи го и времето на смртта, пишува магазинот „Futurism“.
Благодарение на овие наоди, болниците би можеле да изнајдат нови начини за одредување на приоритетие при грижата за пациентите, подобро да ја одредуваат терапијата и да ги регистрираат итните случаи порано отколку што тоа се прави денес. На овој начин, компјутерите би можеле да преземат голем дел од работата со податоци и така да ги ослободат здравствените работници од овие обврски.
Вештачката интелигенција веќе има многу начини за примена во здравствената заштита.
Неколку неодамна развиени алгоритми можат да дијагностицираат рак на белите дробови и срцеви заболувања попрецизно отколку докторите. Исто така, вештачка интелигенција се користи при одредување на ризикот од развој на една од најчестите очни болести, пренесуваат порталите специјализирани за технологија.