Facebook ќе направи се за да ги охрабри корисниците на социјалнаta мрежа да споделуваат што повеќе содржини, а тоа сега ќе вклучува и употреба на вештачка интелигенција која ќе ги „спаси“ фотографиите на кои луѓето ги затвориле очите.

Имено, задача на технологијата ќе биде да ги спаси фотографиите на луѓето кои случајно трепнале и ги затвориле очите, Инженерите на Facebook сакаат да користат нов метод, односно вештачка интелигенција за да ги уредуваат фотографиите и да им ги „отворат“ очите на корисниците кога ќе има потреба за тоа. Овој метод моментно е во фаза на истражување и нема гаранции дека Facebook навистина ќе го користи, но веројатноста е доста голема.

Како што истакнуваат истражувачите, веќе денес постојат многу алатки за уредување фотографии кои отстрануваат бројни недостатоци, така што има место и за алатка која го решава проблемот со затворените очи. Системот на Facebook користи метод на машинско учење наречена GAN (generative adversarial network) кој веќе е употребен за создавање лажни славни личности, за промена на времето во видеата, па дури и за дизајнирање облека. Трепкањето со очите воопшто нема да биде предизвик за оваа технологија.

За да може да уредува фотографии, системот мора да научи како изгледаат човечките очи и да вежба на фотографии на кои луѓето не трепкаат. Така софтверот го памети обликот и бојата на очите, па информациите ги применува на уредување фотографии на кои луѓето трепнале.

Извор: Klix.ba