Познатиот италијански бренд во 2016 година подготви специјално издание FXX-K Evo кое е наменето за специјалните и најбогатите купувачи.
Станува збор за тркачкиот автомобил чија моментална цена изнесува неверојатни 4,5 милиони долари, што значи дека ретко кој би можел да си го приушти.
Овој ѕвер на четири тркала поседува 6,3-литарски V12 мотор кој развива речиси 850 коњски сили. Доколку оваа моќност не ви е доволна, тогаш имате опција да добивате унапредување на моторот директно од фабриката Ferrari при што ќе добиете 1036 коњски сили, што е навистина неверојатно.
Овој автомобил е направен во само 40 копии, а оваа верзија која моментално се продава има поминато само 800 милји, што значи дека ова е буквално нов и неразработен модел. За жал, информациите за тоа колкаво е неговото забрзување се уште не се достапни за јавноста, но познато е дека FXX-K Evo постигна време од 1:14 минути на тркачката патека Fioarano, што значи дека е најбрзиот модел на Ferrari што постои.