Според повеќето проценки, Apple ќе објави три модели на iPhone оваа година, од кои двa ќе бидат со OLED дисплеи, а третиот ќе биде поевтин и со LCD панел.
Според најновите вести, компанијата од Купертино очекува да испорача 45 милиони примероци на својот врвен модел со 6,5-инчен OLED екран. Прогнозата за помалиот модел со 5,84-инчен OLED панел е 25 милиони примероци, а најевтината верзија треба да биде испорачана во 30 милиони примероци.
Првичните предвидувања на Apple за испораките на моделот со LCD екранот беа повисоки, но компанијата одлучи рано да ги ограничи испораките на дисплеите поради проблеми во производството и зголемен интерес за водечкиот модел.
Поврзани артикли