По неколку гласини, кои се однесуваат на претсојниот Galaxy Tab S4 таблет, сајтот SamMobile дојде до некои конкретни детали за уредот. Ова вклучува информации за боите и претставувањето, кое би требало да се случи со објава на Galaxy Tab A 10.1 (2018) моделот.
Според наводите, Samsung ќе го објави Galaxy Tab S4 во црна и сива боја, додека буџетскиот модел Galaxy Tab A 10.1 (2018) исто така ќе ги има овие варијанти. Двата таблет уреда би требало да имаат Wi-Fi и LTE верзии. Меѓутоа, кога се во прашање карактеристиките, тие доста ќе се разликуваат со оглед на ценовниот ранг кои го покриваат.
Galaxy Tab S4 ќе има голем дисплеј со намалени рамки и нов скенер на очите. Тука е Snapdragon 835 чипсетот, 4GB RAM и 64GB простор за складирање, а се е поддржано со Android 8.1 Oreo оперативниот систем со Samsung Experience 9.5 интерфејсот. Кога е во прашање Tab A 10.1 (2018), не е познато многу за уредот, освен големината на екранот од 10,1-инчи , што е видлива во самото име на моделот.
Не е споменат специфичен датум за објава на двата таблет уреда, но се сугерира дека ова ќе се случи кон крајот на јули и почетокот на август. Доколку е ова точно, Samsung би можел да ги официјализира уредите на 9. август, заедно со Galaxy Note 9 и паметниот часовник Gear S4.