Истражувачите од Универзитетот во Мериленд (UMD) открија дека луѓето ги паметат информациите подобро, ако тие се доставуваат во виртуелната реалност, а не на дводимензионалниот екран на персонален компјутер.
„Податоците покажуваат дека дигиталниот простор може да создаде нови начини за напредок во областа на образованието и висококвалификуваните обуки“, вели Амитаб Варшни, декан на Колеџот по компјутерски, математички и природни науки при UMD, цитиран од „TechCrunch“.
Истражувањето е доста комплицирано и во него учествувале околу 40 лица, „вооружени“ со компјутери и VR шлемови. Резултатите од експериментите покажале подобрување во меморијата на волонтерите за 8,8%.
„Луѓето секогаш користеле визуелни методи за зачувување на информации, без разлика дали се пештерски цртежи, глинени фигури, печатени текстови, слики или видео клипови“, коментира водечкиот истражувач Ерик Крокос.
„Сакавме да видиме дали виртуелната реалност ќе стане следниот логичен чекор во овој напредок“, додава тој.
Како што покажуваат статистиките, корисниците на шлемови VR се справуваат подобро од корисниците на персоналните компјутери. Истражувачите веруваат дека виртуелната реалност додава нов слој кон стекнатото искуство и благодарение на тоа, мозокот полесно ги анализира и памети информациите.
Поврзани артикли