На Google Play Store во последно време се откриваат се повеќе малициозни апликации. Дури и еден од попопуларните алати “CamScanner” е обвинет за користење на нападни реклами.

Сега извештајот на истражувачите од ESET укажува на 172 малициозни апликации, кои во PlayStore биле откриени само во текот на септември. Ова е прилично алармантно, посебно доколку на Google му се потребни екстерни извештаи за да укажат на проблемите во официјалната продавница за апликации за Android.

Најголем број од апликациите за кои е откриено дека се малициозни се веќе отстранети, но посебно е загрижувачки што сите апликации комбинирано имале преку 335 милиони инсталации.

На компанијата Google и останува да го измени начинот на кој на апликациите им се одобрува да бидат достапни во Play Store, што ќе овозможи корисниицте да бидат помалку загрижени кога е во прашање она што го инсталираат на своите мобилни уреди.