Еден од најважните елементи за правилно и безбедно функционирање на вашиот автомобил е секако системот за сопирање. Редовната проверка и замената на деловите, кои се вклучени во системот за сопирање, ќе ви помогне за уште поголемо уживање во патувањето и помирни и безбедни денови поминати со вашето возило.
Компанијата „Еуроимпекс“ повторно спроведува сервисна кампања во траење од 10.6.2018 до 10.7.2018 со промотивна цена и попуст од 15 отсто на сите делови вклучени во системот за сопирање, како и на работната рака.
Акцијата е во важност за промотивниот период во рамките на целата овластена мрежа на Peugeot во Македонија.