Енди Канингем (Andy Cunningham) е основачка и претседател на маркетиншко-консултантската компанија “Cunningham Collective” и авторка на книгата “Get to Aha!: Discover Your Positioning DNA and Dominate Your Competition”.

Таа претходно работела во Apple, a eве што изјавила за Business Insider за работата со големиот Стив Џобс:

„Првиот пат кога Стив Џобс ме отпушти, тоа беше едно големо трауматично искуство бидејќи мислев дека тоа ќе биде последниот пат да работам со него. Ме повика во својата канцеларија, а неговиот финансиски директор седеше таму. Џобс ме погледна и ми рече: 1Ќе го прекинам договорот со тебе. Мислам дека тоа што го работиш е навистина лошо, ќе престанеме веднаш да работиме, тоа е тоа – отпуштена си”.

Секако дека тоа ме повреди, бев емотивна. Тогаш бев многу млада. Не плачев, но бев на работ да заплачам. Не знаев што да правам, затоа му реков: „Во ред, знаете дека ми должите 35 илјади долари и дека …”, меѓутоа тој ме прекина – „Нема да ти платам бидејќи твојата работа не вреди толку”. Само излегов од просторијата и му се јавив на својот ментор Регис Мекен.

Тој ме советуваше дека морам да бидам еден чекор пред него, морам да имам нешто поради кое би ме исплатил. Му реков дека немам ништо, но тој ми кажа: “Имаш врски со бизнис медиумите”, на што одговорив: „Ох, сфаќам”.

Затоа се вратив и го прекинав состанокот кој тој го имаше со финансискиот директор. Му кажав: „Стив, ми должиш 35 илјади долари. Потребни ми се тие пари. Имам стартап компанија, започнувам свој бизнис. Морам да платам и затоа би сакала да ми го дадеш чекот кој ми го должиш”. Одговори дека нема да го направи тоа. Му кажав дека мора, а кога праша зошто, следеше следниот одговор:

„Па, како што знаеш Стив, добивам околу 30-40 повици неделно од прес службите на бизнис медиумите со кои остваривме соработка во текот на изминатите години. Постојано ме прашуваат каков си како колега и моментално им кажувам убави работи…”. Тој веднаш го напиша чекот и повторно ме вработи.

Стив често се лутеше на сите со кои работеше. Беше многу нетрпелив. Имаше јасна визија за тоа што сака од сите нас, но доколку не сте доволно брзи или не сте го направиле тоа што тој го очекувал од вас, веднаш се лутеше. Знаеше да вика, да пцуе и да ве критикува.

За некои, ова претставува поттик да бидат уште подобри. Други, ова сосема би ги уништило. За среќа, јас спаѓав во првата група. Денес сум благодарна за искуството кое тој ми го даде. Сега сум многу подобра во работата, а тоа не би било така да не беше Стив”, вели Енди.

Извор: BIZLife.rs / Business Insider