На церемонијата во Вестминстер , покрај членовите на семејството на Хокинг присуствуваа и околу илјада луѓе , кои до таму дојдоа по натпреварот за влезници , на кој се пријавија 25 000 , а добитниците се извлечени со ждрепка.
Погребната церемонија на еден од најценетите научници на нашето време , кој почина на 14 март во 77 година , беше одржана на 31 март во црквата Света Марија во Кембриџ.
Покрај врвните научници , неговите соработници , јавните личности , актери и пејачи , на церемониајата во Вестминстер имаше и група хендикепирани студенти кои користат иста технологија за комуницирање како и Хокинг. Неговата шестминутна порака преку компјутерски синхронизираниот глас , искомбиниран со музика на композиторот Вангелис , Европската вселенска агенција ја испрати во вселената , односно кон црната дупка 1А 0620-00, која е најблиску до Земјата.
Хокинг светската слава ја стекна токму преку истражувањето на црните дупки и теоријата на релативноста , но на 22 годишна возраст му била откриена амфиотска латерална склероза , па така поголемиот дел од животот го помина во количка.
Неговиот најголем сон бил да отпатува во вселената.