Samsung објави освежена верзија на Chromebook Plus коневртибилниот лаптоп, кој сигурно ќе привлече внимание на одредена група корисници.
Новиот Samsung Chromebook Plus V2 има 12.2-инчен FHD (1920 x 1080p) дисплеј, кој може без проблеми да се склопи во формат на таблет, на кој може да се користи и имплементиранот паметно пенкалце.
Новина на годинашниот модел е имплементацијата на Intel Celeron 3965Y процесорот, кој го менува ARM CPU кој Samsung претходно го користеше. Процесорот работи во тандем со Intel HD Graphics 615 чипот, 4 GB RAM и 32 ГБ локален простор за складирање. Присутна е и 13 MP (f/1.9) камера на докот на тастатурата, заедно со 1MP поставена над дисплејот.
Капацитетот на батеријата не е споменат, иако видео тестот на CNET покажува девет часа и 33 минути, кога екранот е подесен на 50 проценти осветлување.
Останатите позначајни каректеристики вклучуваат два USB Type-C конектори, еден USB 3.0 порт, microSD читач на картички, приклучок за слушалки од 3.5 mm и два 1.5V стерео звучници.
Samsung Chromebook Plus V2 ќе биде достапен преку Best Buy продавниците од 24. јуни, по цена од 500 долари.