Иднината на електричната мобилност е уште еден чекор поблиску: сериското производство на првиот целосно електричен автомобил на Porsche ќе започне в година. Концептот Mission E сега го доби своето име и ќе биде познат како Taycan.
Името може грубо да се преведе како „жив млад коњ“, што се однесува на логото на Porsche каде што се наоѓа коњ во скок уште од 1952 година.
„Нашиот прв целосно електричен спортски автомобил е силен и сигурен; тоа е возило што може да премине долги растојанија и тоа ја олицетворува слободата“, објаснува Оливер Блуме, претседател на Извршниот одбор на Porsche AG.
Taycan го означува лансирањето на првиот електричен спортски автомобил со душата на Porsche, кој јa најави својата прва електрична серија како дел од „70 години спортски автомобили“.
Двата перманентни синхрони мотора (PSM) со излезна моќност над 600 КС (440 kW) го забрзуваат електричниот спортски автомобил до 100 км/ч за помалку од 3,5 секунди, а до 200 км/ч за помалку од дванаесет секунди. Овие одлични перформанси одат во прилог на континуирано ниво на дистрибуција на моќта што произлегува од електричниот погон на Porsche. Покрај импресивните перформанси, Taycan исто така ќе поминува 500 километри со само едно полнење на батериите во согласност со NEDC.