Компанијата Adidas ја продолжи својата соработка со еколошката иницијатива Parley for the Oceans, со цел да креираат нова опрема за тимот Манчестер Јунајтед од океанска пластика.
Брендот за спортска опрема работел со оваа еколошка организација со цел да создаде дресови од океанска пластика и да го истакне проблемот со загадувањето на океаните ширум Земјината топка.
Морско сините дресови ја преземаат бојата од кралскосината опрема носена од страна на англиските екипи во историските натпревари. На внатрешната линија на околувратникот на дресовите се испечатени зборовите “For The Oceans” како поддршка за здружението.
Adidas ја поддржува организацијата, како со својата едукација и комуникативни програми, така и со проекти креирани од океанска пластика кои се посветени на намалувањето на загадувањето на нашите океани. Овој спортски бренд се обврзал на користење пластика во своите производи до 2024 година.
Компанијата Adidas претходно соработувала со Parley со цел да ги редизајнира своите класични патики од деведесеттите, моделот EQT Support ADV, кој е креиран отпочеток со материјали добиени од пластичните отпади од плажите на Малдиви.