Планетите и нивните сателити во нашиот сончев систем се континуирано бомбардирани од наночестички исфрлени од сонцето.
Единствениот ефект што овие честички го имаат на земјата е предизвикувањето на фасцинантните аурори на северниот пол. Ова е заради тоа што густата атмосфера на земјата како и нејзното магнетно поле не заштитуваат од честички донесени преку соларните ветрови.
Но површинскиот слој на камења на Месечината и Меркур е редовно еродиран од ударот на овие сончеви ветрови. Според нови симулации, се воспостави дека овој процес е драстично понасилен од колку што се мислеше претходно.
Овој пронајдок е важен за Европската Вселенска Агенција (ЕВА) која планира да го испрати леталото БепиКолумбо да го истражува Меркур, кое ќе претставува прво истражување на оваа мала планета за европејците.
Соларните ветрови главно се составени од хидрогенски и хелиумски јони, но некои потешки атоми како од железо знаат да бидат чести. Овие честички ја удараат површината на Меркур и Месечината со брзина од 400 до 800 километри на час, така што при ударот исфрлаат голем број на други атоми застапени на површината. Овие исфрлени честички се качуваат високо во орбитата на помалите планети и сателити со што оформуваат егзосфера(премногу слаба атмосфера сосставена од атоми исфрлени од површината при бомбардирања од соларни ветрови).
Истражувањето на оваа егзосферата му дозволува на научниците да ја дознаат хемииската композиција на површината, така што немораат да го слетат леталото за да земат примерок.
ЕВА ќе го испрати БепиКолумбо во Октомври 2018та кон Меркур за геолошја и хемииска анализа на неговата егзосфера.
Поврзани артикли