Оваа недела Microsoft соопшти дека бизнисот со гејмерски конзоли останува важен фокус за компанијата, откако прогласи големo портфолио на нови игри и откри дека купил 5 етаблирани студија за развој на игри, кои ќе прават ексклузивни наслови за нејзините производи. Ова е сериозна инвестиција што треба да и помогне на компанијата поуспешно да се натпреварува со главниот конкурент на Sony.
Компанијата очигледно се подготвува за конзолите за следната генерација кои ќе ги наследат тековните, но ќе мора да почекаме да се појават новите уреди. Во меѓувреме сајтот „Thurrott“ открива дека следната конзола Xbox на Microsoft ќе се појави на пазарот во 2020. Поинтересно е дека проектот со кодно име „Scarlett“ опфаќа серија на уреди, па во текот на оваа година може да видиме повеќе од еден хардверски производ од Microsoft.
Премиерата може и да изгледа блиску до онаа на Xbox One X, која се појави минатата година, но компанијата дејствува агресивно за да го промени статус квото на пазарот за електронска забава. Засега не е јасно дали станува збор за целосно нови уреди или за уште помоќно издание на Xbox One, која ќе биде целосно компатибилна со актуелните игри за платформата. Ќе бидат вклучени и нови можности за поддршка на плановите на Microsoft за пуштањето на услуги за стриминг на игри.
Поврзани артикли