Гледањето преку ѕидови долго време изгледаше како нешто од научната фантастика, но во последната деценија на 21. век, тим од научници предводен од Професор Дина Катаби од лабораторијата за Компјутерски Науки и Вештачка Интелегенција во МИТ овозможија оваа технологоија да стане реалност.
Нивниот најнов проект “РФ-Поза” користи вештачка интелегенција за да ги обучи бежичните уреди да приметуваат пози и движење на луѓе кои се наоѓаат од друга страна на некој ѕид.
Истражувачите користеа невролошка мрежа за да ги анализираат радио сигналите кои се одбиваат од телата на луѓето, со што подоцна тие креираат едноставна анимација од човечко тело кое пешачи, застанува, седнува и ги движи екстремитетите еквивалентно на личноста која е од другата страна на ѕидот.
Истражувачите се надеваат дека технологијата ќе се користи за набљудување на болести како Паркинсова и Мултиплекс Склероза, каде што ќе придонесе во подобро разбирање на прогресијата на болестите со што докторите ќе можат да ја прилагодат терапијата подобро.
Исто така, новата технологија ќе им дозволи на постарите лица да живеат понезависно, со тоа што ќе им овозможи дополнителна сигурност и мониторирање на повреди настанати при пад, како и промени во шемата на нивната секојдневна активност.