Чуден феномен се појави на планините на северозападниот дел на Пацификот. Како што објавија повеќе медиуми, веќе подолго време се забележани големи розови езерца како се допираат на повисоките височини на планините, околу кои снегот добива розова боја и мириса на лубеница?!
Робин Коднер, асистентка по биологија на Универзитетот во Вашингтон, вели дека подолго време со нејзините колеги се во прашалници за што точно станува збор. Дали се работи за загадување или природен феномен. Последните нејзини анализи покажале дека розовата боја на снегот и мирисот на лубеница произлегуваат од еден вид на алги кои навидум, се појавуваат на одредени места во одредено време.
„Имаме многу основни прашања. Прво, каде и кога може да се забележи овој феномен? Исто така не знаеме дали се повторува на истото место од година во година“, вели Коднер.
Снегот со мирис на лубеница е релативно редовна појава и е забележана на повеќе места од Вашингтон до Перу. Истражувањата покажале дека алгите се шират како резултат на топење на околните глечери. Колку повеќе глечери се топат, толку е тоа подобро живеалиште за алгите. Колку повеќе алгите растат, толку повеќе снегот се топи и побрзо исчезнуваат глечерите. Околните жители во Перу, каде појавата е позната од поодамна, тврдат дека некои го пробале снегот со мирис на лубеница, но веднаш се разболеле.