Компанијата Tesla ќе започне со производство на поевтината верзија на Model 3 во првиот квартал од 2019 година, соопшти Елон Маск.
Tesla при претставувањето на Model 3 уште пред три години, посебно истакна дека тоа ќе биде нивниот прв „попристапен“ автомобил чија цена ќе изнесува 35.000 долари.
Тоа и донесе на компанијата огромен број на заинтересирани клиенти кои веднаш уплатија депозит, што направи огромен притисок на Tesla за да мора да ги испорача возилата на време.
Поевтината верзија на Model 3 има помало батериско пакување од 50 kWh, кое според тврдењата на Маск ќе биде подготвено до крајот на годината.
Пред неколку недели директорот на Tesla изјави дека компанијата мора да достигне неделно производство од 5.000 единици, а потоа да почека 3 до 6 месеци пред лансирањето на основната верзија на Model 3.
Model 3 is now the best-selling mid-sized premium sedan in the USA pic.twitter.com/xI7LsgRI6D
— Tesla (@Tesla) June 5, 2018
Tesla моментално произведува околу 3.500 единици Model 3 неделно.
После состанокот на акционерите соопштено е дека Model 3 стана најпродаваниот премиум седан со средна величина во САД во месец мај, што значи дека е повеќе продаван од ривалите како Mercedes C класа, BMW Серија 3 и Audi A4.
Американската компанија неодамна најави производство и на најскапата верзија на Model 3, со два мотори кои располагаат со 258 коњски сили.
Дополнителниот мотор ќе му овозможи на Model 3 забрзување од 0-100 за 4,5 секунди, што е само една секунда побавно од целта на многу суперавтомобили.
Цената на Model 3 со два мотори е 78.000 долари.
Извор: B92.net