Мала јапонска компанија претстави прототип на подвижен чадор за сонце кој се покренува со дрон и ќе му овозможи на корисникот да се движи во сенка.
Кој ги доживеал жешките и влажни јапонски лета ќе разбере што го поттикна откритието на новата направа.
Ashai Power Service, мала компанија во североисточната префектура Тошиги, се надевам дека следната година ќе може да почне со продажба на новата справа.
Во прво време, целта ќе биде да делува во приватни затворени простори како што се голф терените, поради ризик од паѓање и поради комплицираните прописи за користење дронови.
“Смислив да го направам овој предмет, бидејќи не сакам да носам чадор”, рече за Франс прес, сопственикот на компанијата, Кенџи Сузуки.
Со пречник од еден и пол метар, прототипот на дрон чадор е тежок пет килограми и засега може да лета самостојно пет минути на батерија која се полни.
Компанијата се надева дека ќе може да го зголеми времето на летот на 20 минути, така што ќе го олесни моторот
Системот на следење се заснова на камери.
Поврзани артикли