Пентагон го зголеми буџетот за развивање на вештачка интелегенција која ќе може да предвиди лансирање на нуклеарни проектили.

Досега имаше само шпекулации во јавноста дека американската војска работи на таков систем, но немаше детали околу програмата.

Но, сега неколку владини службеници кои побараа да останат анонимни потврдија дека веќе неколку проекти што користат вештачка интелегенција се во тек.

Според владините службеници новиот систем ќе користи вештачка интелегенција која ќе има пристап до телекомуникациски мрежи, сателити, улични камери и дополнителни извори на информации со што при нивно мониторирање би можела да дознае за потенцијален нуклеарен напад додека тој сеуште е во подготовка.

Вештачката интелегенција ќе бара знаци на подготовки за нуклеарен напад со што кога ќе заклучи дека постои опасност веднаш ќе ја информира владата.

Исто така системот преку посебен сателитски систем во живо ќе ги следи подвижните платформи за лансирање на нуклеарни проектили на Северна Кореја и Русија.

Ако системот се покаже како успешен тој ќе биде способен сам да мисли и да анализира огромно количество на податоци со прецизност и брзина далеку поголема од онаа што луѓето можат.