Австралиските научници според своја студија, тврдат дека пронашле втор мозок во човечкото тело.  Научниците од австралискиот Универзитет Флиндерс дошле до заклучок дека во човечкото тело постои друг мозок кој работи независно од централниот нервен систем и се наоѓа во цревата.

Новооткриениот мозок е наречен ентерален (цревен) нервен систем. Се состои од неколку милиони неврони кои ја регулираат работата на гастроинтестиналниот тракт. Во исто време, “цревниот” мозок функционира независно од централниот нервен систем и ‘рбетниот мозок.

Интересно е што овој „цревен“ мозок, според експертите, најверојатно се појавува прв во развојот на телото. Научниците утврдиле дека цревниот нервен систем вклучува возбудливи и инхибиторни неврони, кои предизвикуваат контракција на мускулите на цревата.

Извор: Science Alert