GitHub практично е одомаќен помеѓу програмерите кои сакаат да складираат, делат и разговараат за кодот. Изгледа дека Microsoft сака да ја искористи приликата која се укажува по заминувањето на Извршниот директор на GitHub, за да проба да ја купи компанијата.
Изворите за CNBC и Business Insider истакнаа дека Microsoft во изминатите неколку недели разговарал со GitHub. Ова резултираше со заеднички договор за маркетинг, а потоа се разви во преговори за инвестирање или комплетна аквизиција.
Не беше сигурно дали разговорите се уште се актуелни, а главната пречка за постигнување договор беше цената. GitHub бараше повеќе отколку што беше подготвен да плати Microsoft, наведуваат изворите. Ниту една од двете компании не ги коментираше овие наводни гласини.
Постојат многу причини поради кои Microsoft има желба да го купи GitHub. Ова на компанијата би и дало голем ресурс за развој, кој би можел да биде од витално значење за зголемување на речиси се со што се занимава Microsoft, било да се работи за Windows 10 или Azure cloud платформата.
Податоците на компанијата GitHub, исто така, би можеле да бидат од помош за подобрување на делувањето на Microsoft на полето на вештачката интелигенција.
Поврзани артикли