Експерти од Универзитетот за индустриска наука во Токио создадоа биохибриден робот – уред кој комбинира живо ткиво и технологија. Ткивата што се користат во креирањето на овој робот останале функционални повеќе од една недела. Истражувањата веќе се објавени, а постигнувањето на еднонеделен живот е првиот чекор кон создавање на “живи” роботи со вистинска биотехнологија. Следната цел е создавање на роботски-скелет на кој ќе може да се закачат живи ткива и електроди кои ги стимулираат.
Во прототипот се вклучени мускулни ткива, изградени со помош на матични клетки, кои во соодветна средина се развиваат како вистинско мускулно ткиво. Потоа научниците ги вградуваат во хидрогел и ги закачуваат за “рамката” на роботот, во случајов на еден од прстите. Мускулните влакна се негуваат за да пораснат и да се развијат меѓу скелетот и така добиваме вистински биоробот