Голем број од производителите на автомобили се приклучуваат кон трендовите на развој на систем за автономно возење, што може да го замени возачот кога тој ќе покаса.
Има и такви кои не сакаат да го следат овој тренд. Меѓу нив е и произведувачот на премиум автомобили, Ролс Ројс.
Компанијата нема да вложува во ваков систем од едноставна причина што нивните клиенти уживаат да се возат со нив, а не самите да ги возат.
Директорот на Ролс Ројс, Торстен Милер-Отвос вели дека клиентите кои купуваат вакви автомобили се во класата на луѓе кои имаат сопствени возачи, додавајќи дека оние кои се возат сами се „статистичка грешка“.
-Важно е да се сфати дека не повеќето, туку сите наши клиенти имаат лични возачи, вели Милер Отос.
Поврзани артикли