Гласините кои се однесуваат за Samsung Galaxy Note 9 сугерираа дека овој уред ќе пристигне порано од очекуваното. Galaxy Note 8 беше претставен во септември, а се очекуваше дека неговиот наследник ќе пристигне кон средината на јули оваа година. Сепак, според информациите кои пристигнуваат од Кореја, премиерата на телефонот е поместена за две недели, а причината е промена на дизајнот во последен момент.
Претходно, потпретседателот на Samsung, Ли Џае-Јонг ја посети фабриката во Шенжен, со цел да тестира некои модели на Oppo, Xiaomi и Vivo. Тој сакал да се увери како уредите на овие компании изгледаат во живо, а според информациите, она што го видел му се допаднало. Како резултат на тоа, раководните лица во Samsung одлучиле да направат мали промени во дизајнот со што ќе ја одложат премиерата на Galaxy Note 9 за околу две недели.
Ова значи дека наместо во јули, Note 9 ќе биде претставен некаде на почетокот на август.
Потпретседателот на Samsung бараше намалување на дебелината на предното стакло за 0,5 милиметри, а со оглед на тоа дека Galaxy Note 9 првично имаше стакло од дебелина од 1,5 mm, оваа промена е многу значајна. Поради ова, одложувањето би можело да има врска и со имплементацијата на сензорот за отисок на прстот вграден во екранот, кој сите со нетрпение го очекуваат.
Извор: Benchmark.rs