Првата машина за правење пиво за прв пат пристигнува на пазарот и претставува идеален додаток во кујната за секој кој е љубител на овој пенлив алкохолен пијалак.
Меѓутоа, Pico U Deluxe претставува универзален апарат кој, покрај пионерските можности да креира пиво, исто така може да припрема и кафе, комбуха, освежувачки сокови, чај и други здрави напитоци.
Стотина пивари ширум светот соработувале со овој бренд со цел да им пружат можност на корисниците на овој апарат да креираат, одржуваат и да ја задоволат својата жед со својот омилен јачменов пијалак.
Состојките потребни за креирање на пиво е вклучени во прирачникот наречен PicoPaks, а мултинаменскиот систем овозможува постојана контрола на сите состојки кои се користат за производство на пиво, но и за останатите напитоци.
Моќните пумпи и елементите за греење ги стерилизираат сите внатрешни компоненти и ја доведуваат температурата на водата до потребниот степен, додека широкиот опсег на сензори го следи целокупниот процес на подготовка.
Верзијата Deluxe на овој пакет доаѓа со сè што ви е потребно за почеток, вклучувајќи два филтри, сад за пиво, стаклени чаши и секако, самата единица за припрема. Без никакво изненадување, овој проект привлече неверојатно внимание и за краток рок успеа да ја надмине сумата од 50 илјади долари која им беше потребна на креаторите.
Моментално овој апарат може да се нарача преку кампањата на Kickstarter за 200 долари, но оваа цифра сигурно ќе порасне до февруари следната година кога се очекува да се појави во продавниците.
Извор: Muskimagazin.rs