Порталот Tom’s Guide реализираше серија тестови на дел од најпознатите паметни телефони кои се водечки на пазарот во последните неколку години, за да дојде до одговор на прашањето: Кој е најиздржливиот смартфон во светот?
Експертите од Tom’s Guide ги тестираа паметните телефони од водечките производители, а експериментот опфати пад на телефоните од височина од околу два метри на дрвени и бетонски површини, како и потопување во вода. Врз основа на резултатите од тестот, уредите биле оценувани со оценки од 1 до 10.
Тестирањата покажаа дека во моментов најиздржлив телефон на светскиот пазар (меѓу водечките производители) е моделот Motorola Moto Z2 Force. Овој модел доби високи 8,5 поени на скалата за издржливост. По сите направени тестови, Moto Z2 Force нема видливи пукнатини на куќиштето ниту на неговиот екран.
Второто и третото место во рангирањето го заземаа LG X Venture (6,6) и iPhone X (6,2). Во првите пет најиздржливи телефони се најдоа и LG V30 и Samsung Galaxy S9.
Најранлив на падови и потопувања излезе дека е iPhone SE, кој експертите го оценија само со 3,9 поени.
Поврзани артикли