Камерата на париската метеоролошка веб-страница го фати моментот во кој пред два дена гром ја погоди Ајфеловата кула. На фотографијата се гледа молња која удира во врвот на познатата градба.
Ударот на гром и молња го забележа и фотографот Бертранд Кулик, а фотографијата беше објавена на сајтот Rumble.
“Тоа беше електричен ден, времето беше апокалиптично. Бев во својот стан и прозорецот беше отворен. Кога почна невремето, го сграпчив фотоапаратот во надеж дека ќе фатам барем делче од молњата”, изјави Кулик.
Тој додаде и дека ветарот и дождот биле толку силни што се чувствувал како се се наоѓа во центарот на бура.
Watch the moment the Eiffel Tower gets struck by lightning pic.twitter.com/EBC4MRGyOT
— Sky News (@SkyNews) May 30, 2018
De l'#orage sur #Paris : la #TourEiffel fait office de paratonnerre @Meteovilles @Paris @KeraunosObs pic.twitter.com/CBU8Axmq1I
— Ulysse Paris (@ulyssepariser) May 28, 2018
Et une nouvelle superbe photo de Bertrand Kulik @ptrenard sur @LaTourEiffel ce lundi. #orage pic.twitter.com/yFIEQtsoiF
— Keraunos (@KeraunosObs) May 28, 2018
La #TourEiffel touchée par la #foudre hier ! #orage #paris ⚡
Pic @ptrenard pic.twitter.com/8HEvQygf5P— Météo-France (@meteofrance) May 23, 2018