Покрај истражувачките центри во Кореја и САД, Samsung ќе има пет центри за вештачка интелигенција ширум светот посветени на истражување на целосниот потенцијал на оваа технологија
Научниот центар на Samsung за истражување и развој на продукти – “Samsung Research” ги објави своите планови за воспоставување на три Центри за вештачка интелигенција (Artificial Intelligence – AI) кои ќе бидат лоцирани во Кембриџ (Велика Британија), Торонто (Канада) и Москва (Русија). Центрите ќе имаат за цел зајакнување на капацитетите на Компанијата и истражување на потенцијалот на вештачката интелигенција наменета за корисниците.
Истражувачкиот центар “Samsung Research“ ги предводеше најновите чекори кои беа превземени со цел проширување на глобалните истражувачки способности во полето на вештачката интелигенција за Компанијата Самсунг Електроникс, и ја фокусираше својата експертиза во ова поле со отворање на новите Центри за вештачка интелигенција (АИ). “Samsung Research” исто така го надгледуваше процесот на креирање на новите Центри за вештачка интелигенција во Сеул (Кореа) минатиот ноември и во Силиконската Долина (Америка) во јануари. Со отворањето на трите нови центри, “Samsung Research“ ќе биде оперативен со вкупно пет Центри за вештачка интелигенција ширум светот.
Исто така, преку обезбедување на глобални експерти за вештачка интелигенција, “Samsung Research“ планира да го прошири својот број на напредни истражувачи во областа на вештачката интелигенција на вкупно околу 1.000 истражувачи на глобално ниво до 2020 година.
“Samsung има долга историја на потрага по иновации и возбудени сме да ја доведеме истата страст и лидерство во доменот на технологијата во областа на вештачката интелигенција. Со новите Центри за вештачка интелигенција и регрутацијата на водечки експерти од оваа област, наша цел е да бидеме поттикнувачи на промени во индустријата со вештачка интелигенција.” – изјави Хјун-сук Ким, Претседател и Раководител на истражувањето на “Samsung Research“ во рамки на церемонијата за отворање на новиот Центар за вештачка интелигенција во Кембриџ.
Најголемите талентите од полето на вештачката интелигенција ќе помагаат при раководењето со новите центри
Центарот за вештачка интелигенција на Samsung во Кембриџ ќе биде предводен од Андреј Блејк, поранешен Директор на Лабораторијата на Компанијата Мајкрософт во Кембриџ и пионер во развојот на теоријата и алгоритмите кои можат да овозможат компјутерите да се однесуваат како машини кои гледаат. Преку соработката на истакнати експерти од областа, како што е професорот Маја Пантиќ од Империал Колеџ, Центарот за вештачка интелигенција на Самсунг во Кембриџ ќе игра клучна улога во напредното истражување на вештачката интелигенција за “Samsung Research“.
“Овој нов центар ја означува нашата посветеност за унапредување на вештачката интелигенција. Нашите истражувања ќе ни помогнат подобро да го разбереме човечкото однесување, додека истражуваме области како што е препознавање на емоции со што и понатаму ќе ги прошируваме границите на комуникација ориентирана кон корисниците за да развиеме технологии за вештачка интелигенција кои во крајна линија ќе го подобрат животот на луѓето.” –изјави Ендру Блејк.
Центарот за вештачка интелигенција на Samsung во Торонто ќе биде предводен од д-р Лари Хек, постар Потпретседател на “Samsung Research America“ (SRA) и експерт за виртуелни лични асистентски технологии, а воедно и Директор на “SRA“ Центарот за вештачка интелигенција. Центарот за вештачка интелигенција во Торонто ќе ги зајакне своите истражувачки напори во основните АИ технологии со стратешка соработка со главните универзитети во Канада.
Се очекува Центарот за вештачка интелигенција на Samsung во Москва да се темели на руската експертиза по математика, физика и другите фундаментални науки. Во овој центар е планирано да се вклучат водечки експерти за вештачка интелигенција, како професорот Димитриј Ветров (Висока школа за економија) и професорот Виктор Лемпицки (Институт за наука и технологија, Сколково) кои ќе ги водат истражувањата за алгоритмите во Центарот за вештачка интелигенција.
Во својата визија за вештачка интелигенција, Samsung се фокусира на пет основни аспекти во текот на спроведувањето на своите истражувања. Тие вклучуваат вештачка интелигенција што е “фокусирана на корисниците” – преку остварување на персонализација по пат на мултимодален интерфејс; “константно учење” – преку континуирано самостојно учење од податоци; “секогаш овде” – како амбиентална услуга; “секогаш корисно” – со минимизирање на корисничката интервенција и одговор на барањата; и “секогаш безбеден” – обезбедувајќи безбедност на корисниците и приватност. Со фокус на овие пет основни аспекти, новите Центри за вештачка интелигенција ќе ги искористат најсовремените истражувачки средини заедно со регионалните предности на истражувачите за да го подигнат на ново ниво потенцијалот на Samsung за вештачка интелигенција.