Видеосервисот YouTube на корисниците им овозможи допишување на веб верзијата.
Кога ќе се логирате на профилот на YouTube и ќе ја посетите страницата YouTube.com, можете да се допишувате со пријателите и меѓусебно да делите содржини, додека претходно тоа можевте да го правите само на мобилната верзија на YouTube.
На секцијата за конверзација можете да и пристапите преку икона која се наоѓа до нотификациското ѕвонче во горниот десен агол. Историјата на разговорите ќе се појави во долниот лев агол на екранот и така ќе ви овозможи да ги продолжите претходните разговори, баш како што е случај со Hangouts на веб или Gmail.
Корисниците можат да делат содржина во приватните конверзации со користење на копчето share под секое YouTube видео и да изберат контакт или повеќе од нив. Како и во случајот на многуте други апликации за допишување, можете да оставите срце ако ви се допаѓа видеото или некоја порака во четот.