Хамбург станува првиот германски град што ќе ја спореведе на дело одлуката на германскиот Сојузен суд за забрана за возење на дизел мотори кои не ги задоволуваат Еуро 6 стандардите.
Како што пишува Bloomberg од 31 мај стапува на сила забраната за сите патнички и теретни возила чии дизел мотори не ги исполнуваат пропишаните стандарди. На почетокот забраната ќе се однесува само на поедини клучни улици и авении во Хамбург.
Имено во февруари Сојузниот суд на Германија одлучуваше дали градовите имаат право да забранат движење на одреден тип на возила во квартовите каде што загадувањето на воздухот е константно на високо ниво. Тужбата ја покрена една германска непрофитната организација, којашто се занимава со заштита на животната средина.
Околу 15 милиони од регистрираните возила во Германија имаат дизел мотори, а само 2,7 милиони од нив ги задоволуваат стандардите на Еуро 6. Некои автомобилски компании како што се BMW, Volkswagen и PSA веќе им понудија на сопствениците на дизел мотори во градовите каде што ќе бидат забранети да ги заменат со бензин мотори или Еуро 6 мотори.
Поврзани артикли