Apple, според наводите, оваа година би требало да претстави три iPhone модели. Еден од телефоните е 6,1-инчен модел, кој неодамна беше забележан прв пат на протечена фотографија. Сликата го прикажува наводниот 6,1-инчен iPhone X во фабричките погони.
Она што е битно да се истакне, а што го потенцираат и неколку IT сајтови е дека протечената фотографија, како и објавата на истата (ни ја донесува дојавувачот Mr White) не делуваат претерано автентично. Корисникот, кој ни ја донесува фотографијата укажува дека се работи за модел на OLED iPhone. Ова се коси со претходните гласини за тоа дека 6,1-инчниот iPhone ќе има LCD екран и ќе биде подостапен од OLED моделите.
Секако, и тие информации се гласини, но ги објави бившниот аналитичар на KGI Securities, Минг-Чи Куо, кој има прилично добра репутација кога се во прашање инсајдерските информации за Apple.
Во секој случај, бидејќи се работи за гласини, информациите треба да ги прифатите со доза на резерва, а се ќе биде јасно кога новите iPhone модели ќе бидат официјално претставени оваа есен.