Дизајнерскиот тим на BMW направи нови ултра-брзи 350kW полначи за електрични возила кои ќе бидат дел од Европската мрежа на Ionity.
Новиот дизајн на полначи е различен од досегашните и со новиот светол и едноставен изглед кој е збогатен со огромен екран на допир, тие изгледаат доста примамливо.
Како и да е, најважно е да се има пристап до ултра-брзи полначи. Компанијата Ionity (кој што е компатибилен со електричните возила на BMW, Daimler, Ford и VW) планира до 2020 да постави 400 електрични станици низ Европа.
Моќноста од 350kW е повеќе од двојно поголема од супер-полначите на Tesla и треба драматично да го намали времето за полнење. Се очекува за време од 20 минути возилото да се наполни доволно за да помине 400 километри.