Новата технологија која ја промовираше компанијата Bosch го носи работното име „slid mitigation“ што јасно укажува дека спречува странично лизгање на мотоциклот при вртење во свиок. Принципот на делување е прилично логичен и едноставен за сфаќање, додека изведбата е малку покомплицирана.
За почеток, има сензор што го детектира губењето на стисок и страничното лизгање. Откако ќе биде детектирано тоа, се ослободува млаз воздух од реервоарот, како во воздушните перничиња. Во овој случај, млазот воздух генерира сила што се „противи“ на страничното лизгање на мотоциклот.
Лошата страна е што резервоарот има капацитет за само една реакција. Сепак, само една „божја рака“ понекогаш е пресудна, особено во вакви опасни ситуации.
Избор: Srbijadanas.com
Поврзани артикли