Двајца астронаути од NASA направија ретка прошетка во Вселената. Излегоа од Меѓународната станица за да сменат надворешни пумпи за ладење кои се со големина на фрижидер.

Целта беше пумпите да се постават во вистинската позиција во вистински момент. Додека Рик Арнолд и Дру Фејстел внимателно работеа, целиот процес беше внимателно следен од тимот на НАСА на земјата.

На двајцата астронаути за поправката им требаа повеќе од 6 часови.