Instagram конечно одлучи да го додаде долгоочекуваното Mute копче, за да можат корисниците да спречат нивните постови да се појавуваат во нивниот feed.
Новитетот прв го воочи програмерот Џејн Вонг во кодот за Instagram апликација за Android и се чини дека новата опција полека почна да го пронаоѓа патот до корисниците, а сите би требало да ја имаат во следните неколку недели.
Ако нечиј пост толку не ви се допаѓа, секогаш можете да престанете да го следите, посебно ако неговиот профил е јавен, и натаму ќе бидете во можност понекогаш да ги гледате неговите постоци. Меѓутоа, ако профилот е приватен, еднаш кога некој ќе престане да ви биде пријател, тоа е тоа.
Затоа Mute копчето е одлична работа.
Кога некого ќе ставите на Mute, нема да можете да ги гледате неговите постови, но тоа лице и натаму ќе може да ве контактира и натаму ќе ги добивате известувањата доколку ве тагне на некоја фотографија или коментар.