Facebook сака да биде присутен во сите сфери и насекаде на планетата, дури и доколку ова значи дека ќе мора да креира сопствен интернет. Компанијата неодамна претстави Terragraph – 60Ghz wireless систем кој може да спроведува интернет со голема брзина низ зградите во урбаните области.
Qualcomm ќе ја додаде Terragraph tehnologijata во своите претстојни чипови, отворајќи го патот за производителите на креираат 60GHz опрема за пренос на сигнал. Двете компании планираат да почнат со пробни тестови на новата технологија во текот на 2019 година.
Технологијата на Facebook и Qualcomm е базирана на 802.11ay WLAN стандард, кој користи фреквенции од 60Ghz и нуди преноси до 20-40 Gbps, на далечина од 300-500 метри. Меѓутоа, Facebook и Qualcomm овој систем го преработија со подобрувања како што се големите системи со антени, синхронизираните нодови, TDMA протоколи и друго. Овие технологии ќе им овозможат на сигналите да ги пребродат пречките во урбаните опкружувања, да опслужат повеќе корисници, да ги намалат трошоците и други предности.
Компаниите не објавија каде планираат да ги извршат тестовите, иако Facebook претходно објави дека Terragraph технологијата ќе ја тестира во Сан Хозе.