Искусни аналитичари ги проучиле можностите и функциите на мапите на Apple и ги споредиле со оние од онлајн услугата на Google.
Како заклучок, тие укажуваат на четири причини зошто ги претпочитаат Apple Maps, наместо Google Maps.
Еве кои се тие:
1. Apple посветува сериозно внимание на безбедноста на своите корисници и затоа не собира информации за своите клиенти во една база на податоци за да ги продава подоцна на огласувачи.
2. Мапите на Apple се единствената слична услуга, што може да се користи со Сири.
3. Апликацијата Apple Maps работи целосно на паметните часовници на компанијата од Купертино – без разлика која верзија. Па, така можете да ги гледате мапите и на вашиот часовник.
4. Онлајн мапите на Apple, исто така, си одговараат со други слични програми, кои можат да обезбедат информации не само за точна локација на мапата, туку и да покажуваат рецензии од луѓе.