Пред неколку дена, Asus PG27UQ Ultra HD 144Hz HDR-компатибилниот и G-Sync монитор почна да се појавува во продавниците во САД. Сега мониторот се појави и на малопродажните сајтови во Европа, со цени кои далеку надминуваат 2500 евра.
Asus PG27UQ нуди 27-инчен Ultra HD панел, со G-Sync HDR екран и 144Hz освежување. Мониторот има осветлување од 1000 нита и поддржува DPI-P3 спектар на бои.
Во различните онлајн продавници ширум Европа мониторот е излистан во претпродажба, а цените се движат од 2560 до 2919 евра.
Се очекува дека Nvidia во целост ќе ги објави и прикаже новите 4K 144Hz G-Sync монитори во текот на годинашниот саем Computex 2018 што почнува за неколку недели, а на овој настан Asus и Acer ќе ги претстават своите нови модели.