Razer е познат по квалитетни гејминг производи, а оваа година компанијата донесува некои ажурирања за својот Blade лаптоп кои ќе им се допаднат на хардкор гејмерите. Пристигнува надградба на најновите шестјадрени процесори на Intel, брзи 144 Hz дисплеи и NVIDIA графички картички од GeForce GTX 10 серијата.
Спецификациите на 2018 Razer Blade лаптопот ја вклучуваат осмата генерација на Intel Core i7-8750H процесорот, (6 јадра/12 тридови, 2.2 GHz/4.1 GHz), 15.6-инчен Full HD или 4K дисплеј со освежување од 144Hz, Nvidia GeForce GTX 1060 Max-Q Design ili GeForce GTX 1070 Max-Q Design, 16GB двоканална DDR4 меморија, до 512GB PCIe SSD, Windows 10 (64-bit). Од портовите се присутни Thunderbolt 3 (USB-C) x 1, USB 3.1 port x 3 (SuperSpeed), Mini Display Port 1.4 x 1, HDMI 2.0b.
Тука се и вградените предни стерео звучници, Razer Chromе anti-ghosting тастатурата, вградената камера (1MP/720p), како и 80 Wh литиум-јонската полимер батерија.
Цената за основниот Razer Blade модел се движи до 1900 долари, додека за најскапата верзија корисниците ќе мораат да издвојат 2900 долари и овој модел ќе биде достапен на селектирани пазари.