Компанијата LG Display прикажа 77-инчен транспарентен и флексибилен OLED дисплеј, кој за прв пат е презентиран. Екранот е претставен за време на Society for Information Display (SID) неделата во Лос Анџелес.

Дисплејот има Ultra High Definition (3840 x 2160) резолуција, успешно е развиен минатиот јуни, има можност да пропушта светло од 40 проценти и закривеност од 80R и може да се заобли во радиус од 80 милиметри.

LG прикажа и 55-инчен и 65-инчен UHD Crystal Sound OLED (CSO) екрани, кои самостојно емитуваат звук директно од панелот. Технологијата за прв пат е прикажана на саемот CES во Лас Вегас, на почетокот на оваа година.

Покрај споменатите екрани, LG прикажа и Quad HD екрани од 12.3 и 16.2 инчи, наменети за автомобилите. Тука е и 14.3-инчниот модел за приказ на централни информации, со поддршка за команди на допир.

Извор: Benchmark.rs