Кога се во прашање современите роботи, тешко е барем малку да не се биде вознемирен од фактот дека интелигентните машини би можеле, во некој момент, да ги направат луѓето целосно непотребни.
А сега се чини дека благодарение на познатиот производител на графички картички NVIDIA, овој процес може да стане уште побрз.
Тим на истражувачи на оваа компанија осмисли и направи единствен систем на длабинско машинско учење, со помош на кој роботите можат да научат како да совладаат одредени задачи, само на основа на гледањето како ги извршуваат луѓето.
Оваа технологија е осмислена за да ја унапреди комуникацијата помеѓу луѓето и роботите и така да помогне во нивната што е можно подобра соработка на работното место.
Иако оваа технологија се уште е во развој и доботите денес само поместуваат коцки, кој знае што се ќе можат да поместуваат утре?
Развојниот тим на NVIDIA досегашните резултати од својата работа на новиот робот ќе ги претстави оваа недела на Меѓународната конференција за роботика и автоматизација во Бризбејн.